Експлозија во хемиската компанија BASF – две лица загинаа, а две се водат како исчезнати

28

basf

Германската хемиска компанија BASF објави дека во пожарот, што вчера ја зафати фабриката во градот Лудвигшафен, две лица загина, а шест се здобија со сериозни повреди.

Лицата кои се полесно повредени добија медицинска помош, додека две лица сè уште се водат како исчезнати.

Пожарот, што целосно беше изгаснат синоќа околу 21:30 часот, бил предизвикан од експлозија додека се извршувале работи на гасоводните цевки. Во овие цевки имало етилен и пропилен, коишто се важни и основни состојки во хемиската индустрија. Етиленот се користи за производство на изолациони материјали, додека пропиленот служи за производство на бои за автомобили, лепила и слично.

Според соопштението на BASF, континуираните мерења надвор од фабриката не покажуваат зголемување на нивото на токсични супстанци во воздухот или почвата.

BASF е хемиска компанија, со седиште е во германскиот град Лудвигшафен, а вработува над 105.000 лица во 170 земји во светот. Хемискиот гигант има повеќе од 150 производни локалитети.