Ел Салвадор на своите жители ќе им понуди 30 долари во биткоини

67

Претседателот на Ел Салвадор, Наиб Букеле, најави дека ќе понуди биткоини во вредност од 30 долари на секој возрасен граѓанин што ќе се пријави за да користи дигитален паричник.

Владата ќе креира сопствен биткоин паричник, наречен Chivo.

Парите ќе бидат депонирани на сметката на секој граѓанин што ќе ја преземе апликацијата Chivo и ќе се регистрира како корисник со неговиот телефонски број и матичниот број.

Законот со којшто биткоинот ќе стане легално средство за плаќање стапува на сила на седми септември. Букеле верува дека овој потег ќе го претвори Ел Салвадор во привлечна дестинација за инвеститорите, ќе ја поттикне потрошувачката и ќе ги намали трошоците за милиони државјани на Ел Салвадор кои работат во странство и испраќаат пари дома, пренесува SEEbiz.

Паричникот Chivo ќе биде достапен за преземање во септември.

Фото: Facebook