Ел Салвадор започна со иновативен метод за рударење биткоин

22

Ел Салвадор официјално откопа мал дел од својот прв биткоин користејќи енергија на вулкан, објави претседателот Наиб Букеле еден месец откако неговата земја ја усвои криптовалутата како легално средство за плаќање.

Рударската операција, предводена од државната енергетска компанија LaGeo SA de CV, успеа да генерира 0,00599179 биткоин, или околу 269 долари, користејќи геотермална енергија од вулканот, напиша Букеле на Тwitter, пренесува Russia Today. 

Постојат 20 вулкани на територијата на малата земја од Централна Америка, а речиси една четвртина од домашното производство на енергија е генерирана од геотермална енергија.