Електрана во Шведска ќе користи неупотреблива облека од H&M наместо гориво

18

hm-923484_960_720Фото: Pixabay

Електрана во Шведска, наместо јаглен, како гориво ќе користи облека од текстилниот бренд H&M што не ги задоволува потребните норми, пишува Bloomberg.

Vasteras, комбинирана топлана и електрана се наоѓа на 100 километри од Стокхолм, ќе користи облека од брендот H&M во обид да го замени јагленот како гориво.

Целта на објектот е да премине целосно кон употреба на горива што не спаѓаат во фосилната група до 2020 година. Тоа значи користење на рециклирано дрво и отпад, како облека и што не може да се продаде.

“За H&M, испраќањето на производи на согорување е многу ретка, па тоа се случува само со облеката што не ги исполнува нашите прописи за безбедност или не ги исполнува нашите строги хемиски барања“, стои во официјалното соопштение на H&M.

Онаа облека што содржи мувла или останати хемиски елементи ќе биде уништена.

Vasteras, којашто со енергија обезбедува 150.000 домаќинства, во текот на оваа година искористи 15 тони облека од H&M.