Електричен автомобил од 4.000 евра

121

Поголемиот дел од електричните автомобили што се појавија на пазарот досега се сè уште поскапи од бензинците и дизел автомобилите, и уште некое време тие сигурно нема да бидат првиот избор на клиентите. Сепак, постојат исклучоци. Кинезите покажаа дека можат да произведат електричен автомобил по навистина неверојатна цена.

Иако на фотографиите изгледа како многу мал автомобил, моделот Xiaohu Tiger се рекламира на кинескиот пазар како таканаречен (FEV – Family Electric Vehicle), односно Семејно електрично возило.

Во основната верзија со три врати и две седишта, малиот кинески автомобил  се продава на кинескиот пазар по цена од 29.900 јуани, што во “наши“ пари чини околу 3.900 евра.

Има и поголема верзија со пет врати, која може да превезе пет патници чија вкупна должина е 3,4 метри. Помалиот автомобил е пократок од 3 метри. За толку мал автомобил возењето е доста солидно, со оглед на тоа што батериите со капацитет од 11,8kWh го напојуваат моторот од 41 коњски сили, додека подолгиот модел “влече“ пет “коњи“ повеќе. Според производителот, автономијата на овие автомобили е околу 170 километри со едно полнење на батеријата. Производството на малиот електричен автомобил ќе започне во октомври, кога првата производствена серија од 500 автомобили ќе излезе од производствените ленти, проследена со големо производство.