Електричен новитет две во едно – автомобил и брод

35

1b

Цунамито во 2011 година во Јапонија однесе неколку илјади животи и направи штета од неколку стотици милијарди долари. Затоа јапонска старт-ап компанија почна да дизајнира електричен автомобил кој може да преживее тешки бури и да отплови кон безбедно место.

1ba

FOMM Concept One автомобилот не е амфибиско возило и не треба да се користи за секојдневното возење низ реките и езерата, но во случај на вонредна состојба може да послужи како брод, кој ќе го однесе возачот и патниците на безбедно место, низ водата.

2a

Специјални генератори го туркаат автомобилот напред во водата, додека лесните гуми дејствуваат како весла, бидејќи тоа е електрично возило што може да работи под вода, дури и за време тешки бури или поплави.

3aa

Основачот на компанијата е поранешен дизајнер на Suzuki и сакал да се создаде возило што ќе ги издржи поплавите и ќе му помогне на населението да стигне на безбедно место. Возилото е наменето за кратки релации и треба да биде во пуштено во продажба во текот на годинава во Тајланд.

Дури една милијарда луѓе живеат во градови што се соочуваат со ризик од зголемување на морското ниво и поплави.

Погледнете како изгледа овој автомобил.