Електрична енергија, природен гас, јаглен и нафтени продукти за август

38

Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2018 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 490.140 МWh електрична енергија, 4.240 мил. нм3 природен гас, 469.129 тони јаглен и 97.650 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 81,2 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.