Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2014 година, во Македонија вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 690.030 МWh електрична енергија, 7.148 мил.nm3 природен гас, 729.060 тони јаглен и 80.246 тони нафтени продукти.
Бруто – домашното производство на електрична енергија учествува со 71,6% во бруто – домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96,8% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.