Електрично, летечко такси со вертикално полетување и слетување

52

Lilium, старт – ап со седиште во Минхен, Германија, претстави летечко такси коешто полетува и слетува вертикално. Возилото е целосно електрично, а веќе успешно го направи и својот прв лет.

Возилото наликува на мал авион, но нема опашка, ниту пропелери. Крилјата се опремени со 36 електрични мотори што овозможуваат вертикално слетување и полетувањe, како и хоризонталното летање.

Максималната брзина на летечкото такси е 300 километри на час, а опсегот му изнесува 300 километри. Стартапот развива и апликација што ќе им овозможи на патниците да го лоцираат најблиското место за слетување и да закажат превоз на кратки патеки.

Фото: Lilium