АД Електрани на Македонија на аукција продаде 99.400 мегават часови вишоци електрична енергија по просечна цена од 66,01 евро по мегават час во вкупна вредност од 6.561.055 евра, се вели во официјалното соопштение.
“АД ЕЛЕМ продаде електрична енергија за четвртиот квартал од годинава, поточно за октомври, ноември и декември и тоа 88.360 мегават часови базна енергија за периодот октомври, ноември и декември, и 11.040 мегават часовиврвна енергија во работните денови за октомври. На аукцијата беа понудени по 40 мегавати базна и врвна енергија. Учествуваа седум компании, и по повеќе наддавање, се дојде до пресечна цена од 66,01 евра по мегават час“, изјави директорот за производство на АД ЕЛЕМ, Благојче Трповски.
На аукцијата се продаде базна енергијаво износ од 88.360 мегават часови по цена од 63,25 евра и 11.040 мегават часови врвна енергија по цена од 73,10 евра за маегават час. Во тој период на регионалната Унгарска берза на електричнаенергија (HUPX), цената за базна енергија за третиот квартализнесуваше 65,40 евра замегават час, а на врвна енергија за октомври 76,50 евра за мегават час.
Ова е веќе шеста аукција преку која АД ЕЛЕМ годинава продаваше вишоци електрична енергија на отворениот пазар. Досега се продадоа 319.960 мегават часови електрична енергија во вкупна вредност од 18.156.693 евра.