ЕЛЕМ Турс организира акција за чистење на терените на Попова Шапка

39

В сабота (12.05.2018 година) во 10 часот, ЕЛЕМ ТУРС,  Подружница Попова Шапка, организира еколошка акција во ски – центарот Попова Шапка. Целта на акцијата е да се исчистат терените и околината на ски-центарот, по завршувањето на зимската сезона.

Еколошката акција има задача да ја подигне свеста за заедничката одговорност и придонес во зачувување на природните убавини и туристичките предели. Активно учество на настанот ќе земат сите вработени од ски – центарот, а се очекуваат и голем број граѓани и активисти.

За сите заинтересирани е организиран бесплатен превоз што ќе поаѓа од место викано Жичара во Тетово, на 12.05.2018 година, сабота, во 9 часот, стои во соопштението.