ЕЛКОС групација отвора трговски центар во Штип

136

10588520_10205329778903867_112424495_n-550x300Косовската фирма ЕЛКОС групација денес во Штип ќе го отвори првиот трговски центар во Македонија.

Објектот е лоциран во населбата Сењак, и се простира на површина од 5.000 метри квадратни. Во него ќе работат над 50 млади луѓе кои за таа цел посетуваа обука во Косово.

Инвестицијата изнесува 4 милиони евра и во трговскиот центар ќе бидат изложени за продажба над 30.000 различни производи, пишува Макфакс.

ЕЛКОС груп во Косово има над 20 трговски центри, во Албанија и Црна Гора по еден, а планирано е да се изградат и низ другите градови во Македонија.