Emirates го воведува најдолгиот комерцијален лет во светот

19

SYD_A380_Double_Daily_Bottom_780_tcm276-1214232Авиокомпанијата со седиште во Дубаи, Emirates, од февруари 2016 ја воведува линијата Дубаи – Панама Сити, што воедно ќе биде најдолгиот комерцијален лет досега, јавува Индепендент.

Должината на летот ќе изнесува 13.821 километри. Авионите ќе полетуваат од Интернационалниот аеродром во Дубаи, а крајната дестинација ќе биде аеродромот Токумен во Панама. Летот до Панама Сити ќе трае 17 часа и 35 минути, додека во обратен правец времетрењето на летањето ќе изнесува 15 часа и 45 минути.

За овој долг лет Emirates ќе го користат моделот Boeing 777-200LR, каде на почетокот ќе бидат понудени бизнис, економска и прва класа на летови. Авионот ќе може да пренесува 16,5 тони багаж.

Досега најдолг лет беше линијата Далас – Сиднеј со 17 часа, а рекордот сè уште го држи линијата Сингапур Њујорк, но истата престана да функционира во 2013 година.