ЕМО ќе биде рестартирано

21

ЕМО повторно ќе биде рестартирано, а две германски компании се заинтересирани за делови од компанијата и Владата со нив веќе води разговори, изјави премиерот Никола Груевски во саботата за време на посетата во Охридско.

„Делови ќе земат германските компании кои веќе ги објавија своите инвестиции во Охрид. Едната од нив ќе земе поголем дел од ЕМО и ќе останат само неколку објекти за кои се заинтересирани две други компании и со нив сме во разговори да ги убедиме да инвестираат, така што комплетно цело ЕМО да биде повторно рестартирано што за автоделови, што за она што претходно го работеше во делот на трансформатори, далекуводи и слично“, изјави Груевски.

Груевски додаде дека ОДВ Електрик се во завршни подготовки за оваа компанија да ги почне првите чекори за инвестирање, односно за да почнат со производство и вработување.