Енергетската ефикасност на згради и нивната пожарна безбедност

23

Енергетската ефикасност на згради и нивната пожарна безбедност е тема на презентацијата во рамки на Саемот за градежништво и недвижности во Скопје.

Пред претставници на градежни компании коишто применуваат мерки за енергетска ефикасност, енергетски контролори, проектанти, изведувачи, ќе бидат презентирани оценки за енергетската политика, енергетската ефикасност на згради, материјали за топлинска изолација и топлински мостови. Ќе се разговара и за пожарната безбедност на новите и старите згради во државава коишто се градат или реконструираат како енергетски ефикасни.

Презентацијата е  во организација на Комората на овластени архитекти и инженери на Македонија, со учество и на експерти за енергетска ефикасност и професори од Градежниот факултет при УКИМ.