EnMesh EMR3000, одличен Wi-Fi во секое катче

48

Mesh е една од најновите  технологии за oдличен Wi-Fi за домовите и деловните простории.

Концептот е едноставен: Mesh уредите го засилуваат сигналот на вашиот безжичен рутер за да можете да добиете сигурен интернет пристап насекаде во вашиот дом или канцеларија.

Постојат повеќе предуслови за слаба и бавна интернет конекција:

  • Поголеми домови и канцеларии
  • Простории со специфичен облик
  • Простории со широки внатрешни ѕидови од цигла или метал
  • Простории или надворешни области без електрична енергија

Mesh уредите ги решаваат овие проблеми со преземање на радио сигналот од вашиот Wi-Fi  рутер, негово снимање и репродукција со подобрена јачина на сигналот.

На овој начин природно се проширува областа на Wi-Fi покриеноста во вашиот дом или канцеларија и се подобрува доверливоста на вашите интернет конекции во целина.

Сега, наместо да губите сигнал во спалната соба или во конференциска сала заради околните ѕидови, можете да уживате во одлична интернет конекција.

Па зошто да не добиете одличен Wi-Fi денес?

Конекција без мртви зони

Без mesh уредите, вашиот дом или канцеларија сe подложни на мртви зони. Слично како мобилни мртви зони, тоа значи дека нема да добиете безжична услуга која ви е потребна за вашите интернет уреди да работат правилно. Mesh уредот ја елиминира таа можност, така што го превзема оригиналниот безжичен сигнал на вашиот постоечки рутер и го реемитува засилен.

Топ брзина независно од оддалеченоста од рутерот

Секој Wi-Fi  рутер може да емитува сигнал само на одредено растојание. Бидејќи тој сигнал патува  и подалеку, станува се послаб и послаб со оддалечување од рутерот. Тоа значи дека лесно може да изгубите сигнал на одредено растојание од вашиот рутер. Но, тоа исто така значи дека со оддалечување од рутерот се намалува и брзината на конекцијата. Затоа ви треба mesh уред, со кој во вашиот дом/канцеларија, ќе добиете многу поконзистентна конекција, дури и брзина, каде и да се наоѓате.И не е потребно да поставите mesh уред во секоја соба, еден или два Mesh уреди ќе бидат доволни. Бизнис корисниците можеби ќе сакаат да инвестираат во повеќе уреди доколку имаат потреба! Во тој случај, можете да користите мрежа на Мesh уреди во конференциските сали, IT центарот, па дури и индивидуални канцеларии кои се наоѓаат далеку од безжичниот рутер.

Управување со мрежите

Управувањето со мрежите е процес на одржување или подобрување и најчесто треба да имате предзнаења за тоа како можете да ја оптимизирате јачината на сигналот и сигурноста на безжичните мрежи.Mesh уредите го прават ова едноставно, бидејќи тие често доаѓаат со вградена апликација за интеграција. Можете да ги промените вашите лозинки, да го ресетирате вашиот примарен рутер, да креирате гостинска мрежа, но и повеќе други удобности како родителска контрола, приватен cloud и др….

Безбедност

Mesh уредите се една од најсигурните стратегии за безжично вмрежување во светот. Тие ја одржуваат вашата безжична мрежа, како и вашите лични информации безбедни од надворешни лица. Но, има уште…

Еднократен трошок 

Еднократна инвестиција, без месечни сметки и дополнителни трошоци!

Вашиот EnGenius EnMesh EMR3000 уред можете да го нарачате од Кабтел на 02/3103-230, info@kabtel.mk