ЕП го усвои буџетот на Европската унија за 2013 година

24

Европскиот парламент го усвои буџетот на Европската унија за 2013 година. Европратениците прифатија намалување на предвидените издатоци за идната година со исправка од шест милијарди евра, кои ќе послужат за плаќање на издатоците направени во 2012 година, но кои се уште не се платени.

Буџетот на ЕУ за 2013 година изнесува 132,2 милијарди евра кредитна линија, наместо побараните 138 милијарди од Комисијата. Постигнатиот договор предвидува измена на буџетот на ЕУ во текот на годината, ако се појави нов дефицит.

За идните трошења на ЕУ предвидува 150,9 милијарди евра, за споредба во годинашниов буџет беа предвиедни 147,2 милијарди.