EQUA – паметно шише што ви кажува кога да пиете вода

65

Фото: Kickstarter

EQUA е патемно шише што го потсетува корисникот дека е време за пиење вода. Со помош на апликација, корисникот добива специјални известувања во текот на денот во врска со конзумирањето на вода.

Доколку корисникот сака да дознае дали доволно пиел вода во текот на денот, доволно е само да чукне на шишето и тоа свети во зависност од внесот на течности. Кратко светење ако е потребно уште вода, а долго доколку се е во ред.

EQUA ја држи водата ладна или топла до 24 часа.

Производот е дело на старт-ап со седиште во Љубљана, Словенија и има своја кампања на платформата Kickstarterer. Досега има собрано 99.729 долари од потребните 50.000 долари, а кампањата трае уште 28 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во септември годинава.