Ериксон затвора 1.200 работни места во Шведска

8

Шведскиот производител на телекомуникациска опрема Ериксон најави дека ќе отпушти најмалку 1.200 вработени во својата земја Шведска за да ги намали трошоците во период на слаба побарувачка.
Финансискиот директор Карл Меландер најави дека компанијата планира да ги намали трошоците и оваа година, додавајќи дека мерките може да вклучуваат отпуштања, пренесува Хина.

„Внимателно ќе ги проучуваме сите трошоци и ќе продолжиме да ги прилагодуваме димензиите на бизнисот во согласност со пазарот и побарувачката“, рече Меландер и додаде дека сè уште не утврдиле точно колку работници ќе отпуштат или колку планираат да заштедат.

Пред околу една година, шведската компанија објави дека ќе укине речиси 8.500 работни места на глобално ниво, вклучително и околу 1.400 во нејзината родна Шведска, пренесува Ројтерс.