Ерсте банка сака да го купи Diners Club Словенија

28

ersteЦентралната банка на Словенија пред десетина дена на бизнисменот Томаж Ловше и неговата компанија Findale, 100% сопственик на Diners Club Словенија им ја одзеде дозволата за вршење на платен промет, а медиумите сега шпекулираат дека компанијата наскоро ќе оди на продажба. Меѓу можните купувачи се споменува и Ерсте банка, која преку компанијата Erste Card Club има франшиза за Diners во Хрватска.

“Diners Club Хрватска начелно е заинтересиран за добивање на правата за издавање на картички во Словенија. Меѓутоа, со оглед на тоа дека се потребни подлабоки анализи, уште е прерано за донесување конкретни одлуки”, велат од Ерсте банка за Пословни дневник.

Хрватски Вечерњи лист, пак, пишува дека Ерсте Група се подготвува до крајот на годинава да преземе барем дел од Хипо Алпе – Адриа банка, финансиска институција која е во сопственост на австриската држава.