Есенска промоција на кредитни производи на Стопанска банка

20

stopanska-banka

И оваа есен, Стопанска банка АД – Скопје креираше понуда за повеќето кредитни производи со што клиентите имаат можност да го изберат најдоброто решение за својот семеен буџет, стои во соопштението на банката.

Доколку е потребна нова кредитна картичка, тука е VISA Vero кредитната картичка, којашто за сите кои ќе поднесат барање до 05.12.2017 и до 15.12.2017 ќе направат минимум пет трансакции подарува новогодишен ваучер од 500 денари. Секако, картичката продолжува да наградува и во останатиот период преку месечниот попуст за бесплатно купување во Веро или Џамбо, а којшто се генерира како износ од 3,5% од сите трансакции направени во Веро и во Џамбо како и 0.5% од сите останати трансакции во месецот.

За оние кои планираат посериозни проекти, тука е хипотекарниот потрошувачки кредит, којшто е со 5% гарантирана каматна стапка за првите три години за сите клиенти кои ќе поднесат барање до 31.01.2018 година. Дополнително, кредитот се одобрува без административни и трошоци за процена.

Стопанска банка ги нуди и станбените кредити за кои промотивната понуда важи до 15.01.2018 година и вклучува 100% попуст на административните, нотарските и трошоците за процена како и каматни стапки гарантирани за првите пет години и тоа: 3,6% за првите три години и 3,9% за следните две години.

Клиентите може бесплатно да се советуваат со референтите за кредитирање во филијалите на Банката, со вработените од 24/7 контакт центарот (02)3100 109 или поднесете барање тука и очекувајте го повикот.