Технокооп Мебел, ланецот на продавници за техника и апарати за домаќинство Техномаркет и брендовите за уредување на домот Coincasa и @Home, од 17-ти до 25-ти октомври ќе организираат есенска акција со многу намалени цени на нивните производи под мотото Супер црвен попуст. Главниот настан, проследен со забава и бројни изненадувања ќе се одржи на 18-ти октомври во салонот на Технокооп Мебел кај Олимписки базен.
„Соработката со Техномаркет, Coincasa и @Home е нешто што се случи природно поради сличната дејност на нашите компании – производи за домот. Веруваме дека на сите купувачи во овие неколку денови за времетраењето на оваа интересна есенска акција, ќе им понудиме одлична можност да го уредат секој дел од нивниот дом по многу намалени цени“, изјави Тони Божиновски, генерален менаџер на компанијата Технокооп Мебел.
Компанијата за производство на мебел ќе понуди 20%, 30% и 40% попуст на дел од гарнитурите и останатите елементи за уредување на домот што ќе трае до 31-ви декември. Ланецот на продавници за бела техника и апарати за домаќинство ќе им овозможи на купувачите 20% намалени цени на малите апарати, 15% на вградливите елементи за кујна и 10% на останатата бела техника, додека пак во Coincasa и @Home намалувањето ќе изнесува 20% на сите производи и ќе трае до 17-ти ноември.
“Ја продолжуваме одличната соработка со компанијата Технокооп Мебел затоа што сме сигурни дека на тој начин им ја олеснуваме потрагата на купувачите по производи за домот со вистински пристапни цени. Се надеваме дека оваа наша есенска акција ќе претставува одлична можност за сите домаќинства што се во фаза на реновирање на своите домови“ изјави Марија Ристовска, маркетинг менаџер во K&K.
Во текот на неделата на одржување на Супер црвен попуст, во салонот на Технокооп Мебел кај Олимписки базен и во Техномаркет кај Градскиот стадион сите посетители ќе добиваат ваучери за различни попусти.