Ескперти: За успех на малите бизниси клучот е во пристап до технологија

63

За да успее еден мал бизнис потребни се многу работи – добра идеја, добра проценка на потребите на пазарот, пристап до капитал, посветен тим, контакти, пристап до потребната технологија и слично.

Денес за разлика од порано, пристапот до капитал повеќе не е пречка за дигитализација на малите бизниси, пишува CNBC.

“За да имате една добра веб страна од којашто одлично ќе ви оди продажбата не ви се потребни многу пари. За околу 3.000 евра можете да добиете добро ’скоцкан’ производ“, вели Гарсија Луис, корпоративен директор на CaixaBank за дигитална трансформација на МСП (мали и средни претпријатија).

Тоа го потврдува уште еден експерт од друга шпанска фирма.

“Пред повеќе од 20 години беше невозможно за МСП да размислуваат за развивање на било каков тип на технологија. Акцентот беше ставен на аплицирање на одредено знаење наместо на технологијата како таква. Денес малите и средни бизнис можат да се натпреваруваат со големите корпорации кога станува збор за технологија“, вели Девид Томас, извршен директор на Cyberclick.

Пристапот до технологијата сега е многу полесен, МСП можат без проблем да креираат веб страни, да користат социјални медиуми и да употребуваат технологии од типот на бесконтактно плаќање, за да ги објават понудите и да ги насочат своите операции.

Но, иако 79% од МСП мислат дека инвестирањето во технолошки иновации е важно, само 25% од нив потрошиле помалку од 10% од нивните буџет за таа цел.

“Денес цената не е важна кога станува збор за технологијата, туку клучот е во пристапот до неа и нејзиното искористување“, вели Беатриз Ремон, главен дигитален менаџер на IBM за Шпанија, Грција, Португалија и Израел.

Фото: Pexels