ЕСМ му понуди 48 евра за мегават-час на ЕВН хоум

51

АД ЕСМ доставило понуда до јавната набавка на ЕВН Хоум за купопродажна цена на електрична енергија од 48 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини. Оваа цена е за 17 проценти повисока од цената на последниот тендер.

За цената на струјата на ЕВН Хоме во наредниот период ќе одлучува Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), а таа ќе зависи од повеќе влезни параметри, како што се: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција.

-Врз основа на направените анализи и пресметки, АД ЕСМ утврди дека е во состојба да ги обезбеди вкупните количини на електрична енергија кои му се потребни на ЕВН Хоме, односно 100% да ги покрие потребите на Универзалниот снабдувач за граѓаните и малите потрошувачи (законот за оваа година го обврзува ЕСМ за 60%), како и целосно покривање на техничките загуби во системот на ЕВН Електродистрибуција и целосно покривање на техничките загуби во системот на МЕПСО. За таа цел, АД ЕСМ го зголеми планот за производство на електрична енергија за 2022г. за 20% од производството во 2021г, соопштија од АД ЕСМ.