Еспорт компанија на Бекам ќе оди на берза

52

Компанија Guild Esports, чиј коосновач е поранешниот британски фудбалер Дејвид Бекам, ќе биде првата еспорт франшиза што ќе котира на Лондонската берза, пишува CNN.

Guild Esports, британска компанија што поседува и развива еспорт тимови, ги потврди плановите за иницијална јавна понуда. Планирано е да издаде 40% од своите акции со коишто планира да собере 25,9 милиони долари (20 милиони британски фунти). Овие пари ќе ги искористи за регрутирање нови играчи и инвестиции во бизнисот.

Играта на професионалните еспорт играчи може да се следи со физичко присуство или преку дигитални канали.

“Котирањето на берза на Guild Esport ќе му овозможи кеш, кредибилитет и капитал преку коишто ќе ја исполни целта да биде еден од 10-топ франшизи во еспортот за три години“, вели Чарлтон Куртис, извршен претседател на компанијата.

Бекам ќе го искористи своето глобално влијание, стекнато благодарение на фудбалот и богатиот социјален живот, да даде поддршка на Guild Esport да ја постигне својата цел.

Популарноста на еспортот бележи постојан раст во последните неколку години, достигнувајќи публика од 500 милиони луѓе и скоро една милијарда долари приходи во 2019 година.

Фото: Facebook