
Модниот бренд Еsprit со одлука на Стопанскиот суд во градот Нант отиде во стечај во Франција, два месеца откако компанијата објави дека поднела барање за банкрот во Европа.
Како што се наведува, Esprit вработувал 145 работници во Франција, а годишниот обрт изнесувал речиси 32 милиони евра, пренесува Фигаро.
Марката беше присутна на повеќе од сто продажни места во Франција.
Трговскиот суд во Нант изјави дека планот на директорот на Esprit за закрепнување и реструктуирање на компанијата е остварлив и додаде дека ќе го следи развојот на компанијата во следните шест месеци.
Модната компанија „Есприт“ во мај објави дека поднела барање за стечај за своите европски операции, бидејќи верува дека реструктуирањето ќе ги надмине тешкотиите со наглото зголемување на трошоците поради пандемијата на корона вирусот.
Основачи на брендот Esprit во 1968 година беа американскиот хипи пар Даглас и Сузи Томкинс од Сан Франциско кои ги продадоа своите први предмети додека патуваа низ Калифорнија во минибус Фолксваген.
Според сопствените тврдења, денешниот Esprit е присутен во повеќе од 40 земји каде има 586 продавници.












