Естонците го тестираат првиот дигитален пасош за имунитет

42

Естонија почна со тестирање на еден од првите дигитални пасоши за имунутет во светот, со цел да се обезбеди безбедно враќање на вработените на своите работни места по пандемијата на коронавирусот.

Дигиталниот пасош за имунитет собира податоци за тестот и им овозможува на луѓето да му го покажат својот имунолошки статус на трето лице, како што е работодавецот, преку привремен QR-код по дигитална верификација.

“Дигиталниот пасош за имунитет има цел да ги намали стравувањата и да ги стимулира општествата во светот да го продолжат животот среде пандемија“, рече Тавет Хинрикус, основач на Transferwise, технолошка старт – ап компанија, којашто учествуваше во проектот.

Во Естонија 64 луѓе починале од коронавирусот, а заразени се 1.791. Овој месец таа почна да ги укинува рестриктивните мерки, а минатата недела ги отвори своите граници со Литванија и Летонија.

Фото: Pixabay