Естонски старт – ап претвори еколошки проблем во еколошко прифатливо решение

93

Неискористената волна од овци може да биде проблем за животната средина, а може  да се искористи и за нешто еколошки прифатливо.

Малкумина знаат дека овчото руно (волна) може да биде вистински еколошки проблем затоа што тоа долго време се распаѓа во околината.

Но, старт – ап од Естонија, излезе со идеја како да се искористи овој вишок на руно или волна за нешто сосема ново и корисно. Со својата идеја успеа да го воодушеви и жирито на меѓународното финале на EIT InnoEnergy PowerUp Challenge и да ја освои главната награда во вредност од 50 илјади евра.

Станува збор за стартапот Woola којшто произведува амбалажен материјал од остаток на овча волна.

Како што велат самите, тие сакаат да го променат пазарот за е-трговија со значително намалување на производството, потрошувачката и депониите на животната средина со штетни материјали како што се стиропор и пластика. Woola е еколошка обвивка за  направена од волна од овци. Производот е отпорен на удари и топлина и користи исклучителен ресурс што би останал неискористен и уништен. Само во Естонија, повеќе од 135 тони овча волна завршуваат на депонии секоја година.

Фото: Woola