Etihad и Louvre Abu Dhabi потпишаа договор за промовирање на музејот

2

22552530_1501529576598075_1418263096636416035_nФото: Facebook

Авиопревозникот Etihad Airways и Louvre Abu Dhabi потпишаа договор за заедничко промовирање на музејот, чие официјално отворање ќе биде на 11 ноември, пишува The National.

Etihad, меѓу другото, ќе понуди туристички пакети за посета на музејот, организирање на багажот и рекламирање на брендот.

“Louvre Abu Dhabi и Etihad Airways не само што ги носат луѓето од целиот свет во Абу Даби, туку и се и универзални по природа. За музејот оваа идеја за универзалност значи разбирање на поврзаноста на луѓето од почетокот на времето се до сегашноста преку уметноста. Со радост го очекуваме отворањето на Louvre Abu Dhabi заедно со поддршката на нашиот Платинумски партнер”, вели Саиф Саед Гобаш, генерален директор на Одделот за култура и туризам на Абу Даби.

Музејот Louvre Abu Dhabi ќе биде обележје на географскиот, културниот и туристичкиот предел на градот.