ЕЦБ: Банките во еврозоната со 20 милијарди евра во борба против коронакризата

19

Банките во еврозоната ќе имаат на располагање повеќе од 20 милијарди евра во рамките на финансиските мерки преземени против коронавирусот, соопшти Европската централна банка (ЕЦБ).

Во соопштението се вели дека банките во еврозоната ќе добијат капитални олеснувања во износ од над 20 милијарди евра за ублажување на макро пруденцијалните мерки на националните супервизори во еврозоната.

“Европската централна банка ги поддржува макропруденцијалните мерки кои се донесени од страна на службените лица во еврозоната со цел сузбивање на влијанието на епидемијата од коронавирусот врз финансискиот сектор“, се вели во соопштението на ЕЦБ.

Наведените финансиски средства ќе ја зголемат кредитната способност на банките.

Фото: Pixabay