ЕЦБ ги заострува условите за евтини кредити за банките

85

Европската централна банка (ЕЦБ) најави дека ќе ги заостри условите за евтини кредити за банките со постепено укинување на благите регулативи за обезбедување за време на пандемијата. Соопштението сигнализира нов чекор кон укинување на мерките за итна поддршка воведени од централната монетарна власт во делот на примената на заедничката валута со цел да се ублажат економските последици од пандемијата, пренесува Ројтерс.

На крајот на март, ЕЦБ ќе ја откаже програмата за купување обврзници за пандемијата на кризата, вредна 1,850 милијарди евра и навести можно забрзано затворање на редовната откупна програма, која ја формираа за поддршка на економијата и зајакнување на инфлацијата по должничката криза.

Во вториот квартал планираат да ги интензивираат купувањата во рамките на АПП  Asset Purchase Programme (APP)  во однос на првите три месеци и во април ќе купат обврзници во вредност од 40 милијарди евра, ќе ја намалат вредноста на програмата на 30 милијарди во мај и 20 милијарди во јуни, соопшти ЕЦБ.