ЕЦБ ја намали референтната каматна стапка на 0,00%

14

ecb

Европската централна банка (ЕЦБ) ја намали референтната каматна стапка за пет процентни поени на 0,00%, стои во официјалното соопштение на оваа европска монетарна институција.

Каматната стапка на депозитите на банките во централната банка од минус 0,30% ќе се намали на 0,40%, додека програмата за откуп на обврзниците е зголемена од 60 на 80 милијарди евра месечно.

Според претседателот на ЕЦБ, Марио Драги, овој пакет од мерки ќе го поттикне економскиот раст и закрепнување на евро зоната и ќе ја стимулира инфлацијата на околу 2%.