ЕЦБ ќе реагира доколку е потребно, засега нема причина за загриженост

58

Европската централна банка ќе ги преземе неопходните чекори доколку ги види ефектите од вториот бран на инфлација и намалувањето на среднорочните инфлациски очекувања, изјави потпретседателот на Европската централна банка, Луис де Гиндос Хурадо, за германскиот весник Handelsblatt.

Де Гиндос рече дека ефектите од вториот бран ќе бидат „одлучувачки фактори“ за централната банка. „Ако ги видиме, дефинитивно ќе дејствуваме“, изјави поранешниот шпански министер за економија, цитиран од Ројтерс.

Запрашан за ризиците за европскиот финансиски систем поради војната во Украина, Де Гиндос рече дека нема тесни грла во ликвидноста, дека компаниите издаваат обврзници и дека акциите се нестабилни, но без „драматичен развој“.