ЕЦБ обезбедува поволни услови за финансирање

35

Европската централна банка (ЕЦБ) објави дека го зголеми купувањето на актива за да обезбеди поволни услови за финансирање, коишто, заедно со вакцинирањето, би требало да влијаат на економско закрепнување на земјите од пандемијата.

“Вакцинирањето на населението и предвиденото постапно ублажување на мерките ги поддржуваат очекувањата за силно закрепнување на економската активност оваа година“, порача претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард.

Таа изразила загриженост поради високиот број на случаи на коронавирус во еврозоната и строгите рестриктивни мерки, оценувајќи дека тие ќе ја ограничат економската активност на краток период.

Фото: Pexels