ЕЦБ по втор пат годинава ги намали клучните каматни стапки

15

Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ) ја намали каматната стапка на депозитите во готовина за 25 базични поени. Според тоа, каматната стапка на готовинските депозити ќе се намали на 3,50 отсто. Каматната стапка за операциите за главно рефинансирање ќе се намали на 3,65, а каматната стапка за можноста за задолжување на крајот на денот на 3,90 отсто, објави ЕЦБ. Промените ќе стапат на сила на 18 септември 2024 година.

„Новите податоци за инфлацијата во најголем дел се во согласност со очекувањата и најновите проекции на експертите на ЕЦБ ја потврдуваат претходната оценка за инфлаторните перспективи. Експертите предвидуваат дека вкупната инфлација ќе биде во просек 2,5 отсто во 2024 година, 2,2 отсто во 2025 година и 1,9 отсто во 2026 година, што е во согласност со јунските проекции.

Се очекува инфлацијата повторно да расте во остатокот од годината, делумно поради тоа што претходните големи намалувања на цените на енергијата повеќе нема да бидат вклучени во пресметката на годишните стапки.

Инфлацијата потоа треба да се намали кон целното ниво во втората половина на следната година. Проекциите за базичната инфлација за 2024 и 2025 година се ревидирани малку нагоре бидејќи инфлацијата на цените на услугите е повисока од очекуваната. Но, експертите сепак очекуваат забрзан пад на базичната инфлација, од 2,9 отсто оваа година на 2,3 отсто во 2025 година и два отсто во 2026 година“, се наведува во соопштението на ЕЦБ.