Европската централна банка (ЕЦБ) оцени дека Sberbank Europe AG и нејзините две подружници – Sberbank d.d. во Хрватска и Сбербанк банка д.д. во Словенија – пропаѓаат или најверојатно ќе пропаднат поради влошена ликвидност.
Сбербанк Европа, која на крајот на минатата година имаше вкупна актива од 13,64 милиони евра, заедно со филијалите во Хрватска и Словенија, последните денови доживеа голем одлив на депозити и веројатно нема да може да ги плати сите свои обврски, вклучително и долговите.
Европскиот единствен комитет за резолуција воведе мораториум на плаќањата во три банки и сега ќе оценува дали е во јавен интерес да се спаси доверителот.
„Сбербанк Европа и нејзините подружници доживеаја значителен одлив на депозити како резултат на влијанието на геополитичките тензии врз нејзината репутација, што доведе до влошување на нејзината ликвидност“, се вели во соопштението на ЕЦБ.
Сбербанк Европа има и филијали надвор од Европската банкарска унија, вклучувајќи ги Унгарија, Чешката Република, Србија и Босна и Херцеговина.
Бидејќи тие не спаѓаат во надлежностите на ЕЦБ, банката контактираше со локалните супервизори.
Ројтерс пишува дека се заштитени граѓаните кои имаат заштеда до 100.000 евра.











