ЕЦБ се сели во нова супер – безбедна зграда вредна 1,3 милијарди евра

34

ecb zgrada

Европската централна банка (ЕЦБ) се наоѓа во центарот на Франкфурт, на многу прометна улица и досега никој не се обидел да ја нападне, иако Франкфурт е градот во Германија каде што се организираат најмногу демонстрации.

Но, за потребите на оваа европска монетарна институција за пет години е изградена нова зграда во која нејзиниот претседател, Марио Драги, и неговите соработници ќе се вселат во ноември.

“Се уште не сум изградил зграда во која мерките за безбедност играле толку важна улога“, вели архитектот Волф Д. Прикс за Frankfurter Allgemeine Zeitung.

Новата стаклена кула на ЕЦБ е висока 185 метри и чини 1,3 милијарди евра. На 41-от кат, од каде има одличен поглед на Франкфурт, ќе заседава Советот на ЕЦБ, додека на таванот ќе се простира стилизирана карта на Европа.