Земјите од Европската унија соопштија дека се договориле да ѝ дадат на Украина заем во вредност од 35 милијарди евра, финансиран од приходите од продажбата на рускиот имот запленет во Европа.
Советот на ЕУ, телото што ги претставува земјите-членки, „постигна договор за обезбедување финансиска помош за Украина“, се вели во соопштението за печатот.
Заем во износ до 35 милијарди евра мора да одобри Европскиот парламент, но 27 земји од ЕУ посегнаа по забрзана процедура која треба да ги овозможи првите исплати уште на почетокот на 2025 година.
Руските средства во вредност од повеќе од 200 милијарди евра се замрзнати во ЕУ откако Русија и нејзината армија ја нападнаа Украина во февруари 2022 година, заземајќи околу 17 отсто од нејзината територија.
Околу 90 отсто од замрзнатите средства се во Белгија.