ЕУ целосно го прекинува увозот на руски јаглен од средината на август

47

Се очекува денеска претставниците на ЕУ да ја одобрат забраната за увоз на руски јаглен, која целосно ќе стапи на сила во средината на август, еден месец подоцна од првично предложеното, по притисокот од Германија да ја одложи мерката, објави Ројтерс, цитирајќи извор од ЕУ.

Постепеното укинување на рускиот увоз на јаглен е столбот на петтиот пакет санкции на ЕУ против Русија, предложен од Европската комисија оваа недела, како одговор на злосторствата во украинскиот град Буча.

Ова, кога ќе биде одобрено, ќе биде прва забрана на ЕУ за каков било увоз на енергија од Русија од почетокот на руската инвазија во Украина на 24 февруари.