ЕУ даде одобрение за вакцина против ебола

35

Европската Унија за прв пат издаде одобрение за вакцина против ебола. Таканаречената Ervebo е дело на фармацевтскиот гигант Merck, а дозволата што ѝ беше дадена е позната како “conditional marketing authorization“.

Истата дозволува лекот да се развива со помалку сеопфатни податоци, доколку бенефициите се далеку поголеми од ризиците.

Вакцината за прв пат беше изработена од Агенцијата за јавно здравје во Канада и Армијата на САД пред повеќе од една деценија. Во 2014 година, откако изби епидемија на ебола во Западна Африка, Merck ги купи правата за развивање на лекот.

Ervebo се покажа како 100% ефективна на тестирање во Гвинеја. Merck донираше повеќе од 250.000 дози на Светската здравствена организација.

Компанијата планира да започне да ја произведува вакцината во Германија во втората половина на 2020 година.

Фото: Pixabay