EУ ги укинува рестрикциите за извоз на медицинска опрема за Западен Балкан

14

Европската Комисија соопшти дека е донесена одлука рестрикциите за извоз на заштитни маски да не важат повеќе за земјите од Западен Балкан од 26 април, јави дописничката на МИА од Брисел.

Регулативата за посебни авторизации за извоз на заштитна опрема во рамките на борбата против коронавирусот донесена во март начелно ги изземаше само земјите вон ЕУ кои се членки на европската слободна трговска зона.

На барање на властите од шесте земји од регионот, Европската Комисија ја ревидираше одлуката забраните да не важат повеќе за западниот Балкан.

Сегашната регулатива истекува на 25 април, од следниот ден западниот Балкан ќе може да увезува заштитни маски без претходни дозволи, што би требало значајно да ги забрза процедурите, но испраќа и политички сигнал до регионот.

Новата регулатива содржи измени и за типот на опрема за кој е потребна посебна авторизација. Од 26 април, за земјите вон ЕУ, ЕФТА и западниот Балкан, само заштитните маски ќе бидат предмет на посебни дозволи за извоз, одлучи Европската Комисија. Одлуката ќе биде повторно ревидирана триесет дена од нејзиното стапување на сила