ЕУ го одобри новиот, петти пакет санкции против Русија – што опфаќа?

58

Сите 27 членки на Европската унија синоќа одобрија нови санкции против Русија, кои вклучуваат ембарго за увоз на руски јаглен, дрва и вотка.

Санкциите вклучуваат замрзнување на средствата на неколку руски банки, продолжување на забраната за извоз на оружје и други видови извоз во вредност од околу десет милијарди евра, пренесуваат агенциите.

Европската комисија во вторникот предложи нови санкции, по настаните во киевското предградие Буча. Сите членови го одобрија предлогот на состанокот на амбасадорите, а тој ќе стапи на сила денеска откако ќе биде објавен во Службен весник.

„Пакетот санкции е значаен и ги проширува постоечките санкции против Русија на нови сектори и олигарси“, се вели во соопштението на француското претседателство со ЕУ.

Високи претставници на ЕУ, исто така, изјавија дека ако Русија продолжи да ја напаѓа Украина, може да следи целосна забрана за увоз на сите фосилни горива од Русија.