
Русија минатата година заработи околу 7,2 милијарди евра од извозот на течен природен гас (LNG) во ЕУ, и покрај ветувањата на Брисел да го забрани.
Брисел вети дека ќе го забрани увозот на руски LNG до 2027 година, но неодамна објавената анализа покажува дека сè уште не започнал да ги намалува огромните количини што пристигнуваат во европските пристаништа од Јамал во Сибир.
Повеќе од 15 милиони тони LNG од Јамал беа транспортирани преку арктичкиот мраз до терминалите на ЕУ во 2025 година, според податоците од невладината организација за човекови права Ургевалд, што донесе околу 7,2 милијарди евра за Кремљ.
Иако Европа ги намали испораките на гас од Русија од почетокот на Специјалната воена операција, уделот на ЕУ во глобалните испораки од Јамал се зголеми во изминатата година од 75,4 на 76,1 проценти, се вели во извештајот.
Увозот е сè уште легален, а ЕУ се двоумеше да ги забрани руските испораки на течен природен гас поради зависноста на Централна и Источна Европа од овој извор на енергија, објаснува Гардијан. Авторот на текстот, сепак, заборавил да спомене дека американскиот течен природен гас (LNG) е неспоредливо поскап.











