ЕУ и Кина потпишаа договор за заштита на ознака на географско потекло

37

Брисел и Пекинг потпишаа билатерална спогодба за заштита на 100 европски ознаки за географско потекло во Кина и исто колку кинески во ЕУ. На овој начин, тие ќе бидат заштитени од фалсификување и крадење.

Договорот е потпишан пред почетокот на онлајн самитот ЕУ – Кина на којшто двете страни ќе се обидат да остварат напредок кон постигнување договор за инвестиции.

Договорот за заштита на ознака на географско потекло, за којшто преговорите завршија во ноември минатата година, би требало да донесе корист за двете страни, а на потрошувачите да им понуди квалитетни производи, сметаат од Европската комисија.

“Договорот ја покажува нашата посветеност на блиска соработка со глобалните трговски партнери, како што е Кина. Европските производи со ознака на географско потекло се познати по својот квалитет и различност, важно е да се заштитат и на ниво на ЕУ, но и на глобално ниво за да се обезбеди нивната автентичност и да се зачува репутацијата“, смета европскиот комесар за земјоделие, Јануш Војчеховски.

Фото: Pexels