ЕУ им става крај на “невидливите“ надоместоци за плаќање со картичка

kreditna karticka raka

Потрошувачите во рамки на Европска унија “плаќаат за плаќање со картичка“, предупредува Европската комисија, пишува Дневник.хр.

Новите прописи за меѓубанкарски надоместоци би требало да го воведат максималниот износ на надоместок за дебитни и кредитни картички. На овој начин ќе се стави крај на надоместоците што банките им ги наметнуваат на продавачите, а потоа продавачите на купувачите, така што тие трошоци ги вметнуваат во цените на производите и услугите што ги нудат.

Европскиот совет и Европскиот парламент постигнаа политички договор, според кој овие прописи би требало да се усвојат на почетокот на 2015 година.