ЕУ инвестира милијарда евра во истражување на вселената

60

Европската унија (ЕУ) ќе вложи повеќе пари во лансирање ракети, сателитска комуникација и истражување на вселената за да го зачува својот успех во вселената и да биде во чекор со американските и кинеските амбиции, изјави комесарот на ЕУ за истражување на вселената Тијери Бретон, пренесува Reuters.

Во текот на изминатите децении, Европа се обидува да изгради независен пристап кон вселената за да и помогне на својата индустрија, со успех како што се ракетите Ariane или сателитот Galileo, ривал на GPS.

Неодамнешното појавување на американскиот конкурент SpaceX и неговите ракети за повеќекратна употреба, како и брзиот напредок на Кина, вклучително и првото слетување на темната страна на Месечината минатата година, даваат нов импулс на европските амбиции.

“Вселената е една од силните точки на Европа и ние си даваме средства за забрзување“, изјави Бретон, под чии надлежности се наоѓа и вселенскиот сектор.

ЕУ за прв пат ќе потпише договор на милијарда евра со Arianespace, а Бретон се надева дека во следниот буџет за вселенски истражувања ќе бидат издвоени 16 милијарди евра.

Фото: Pixabay