ЕУ ја постигна целта да биде вакцинирано 70% од населението

19

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен објави дека е постигната целта од 70% на вакцинирање на возрасни лица во ЕУ и ги повикаа сите кои имаат прилика да е вакцинираат заради заштита на сопственото и здравјето на другите луѓе.

“Нашата цел во јули беше да се заштити 70% од возрасното население во Европската унија со најмалку една доза. Денес ја постигнавме таа цел, а 57% од возрасните се целосно вакцинирани“, рекла фон дер Лејен.

Таа истакнала дека треба да продолжат напорите и да се вакцинираат што е можно повеќе луѓе.

“Делта сојот е многу опасен. Затоа ги повикувам сите оние кои имаат прилика да се вакцинираат. Заради сопственото здравје и заштита на другите“, рекла фон дер Лејен, истакнувајќи дека ЕУ и понатаму ќе обезбедува доволна количина на вакцини.

Фото: Pexels