Почетна Новости Европа ЕУ купува дополнителни 100 милиони вакцини од BioNTech и Pfizer

ЕУ купува дополнителни 100 милиони вакцини од BioNTech и Pfizer

35

Европската унија ќе купи дополнителни 100 милиони дози од вакцината на Pfizer и BioNTech, со што вкупно ќе има до 300 милиони дози, објави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

“Одлучивме да земеме дополнителни 100 милиони дози од вакцината на BioNTech и Pfizer, вакцина која веќе се користи во Европската унија. Ќе имаме вкупно 300 милиони дози од оваа вакцина, која е оценета како безбедна и ефикасна“, објави фон дер Лајен на Тwitter.

Европската комисија потпиша договор со BioNTech во ноември за набавка на 200 милиони дози на вакцината, со можност за набавка на дополнителни 100 милиони дози. Цената за дополнителните 100 милиони дози останува иста – 15,5 евра по доза.

Фото: Freepik