ЕУ купува дополнителни 150 милиони дози од Moderna

18

Европската комисија ја активираше опцијата за набавка на дополнителни 150 милиони дози вакцини против коронавирус од американскиот производител Moderna.

Ревидираниот договор предвидува можност за купување вакцини прилагодени на новите варијанти на вирус како и за вакцинирање на деца и за зајакнување на ефектите од вакцинирањето.

Дополнителните 150 милиони дози ќе треба да бидат испорачани следната година.

Земјите членки можат да ги продадат на земјите надвор од Унијата или да ги донираат преку Ковакс системот за да обезбедат пристап до вакцини за сиромашните земји ширум светот.

Европската унија има договори со шест фармацевтски компании за околу 4,4 милијарди дози.

Фото: Pexels