ЕУ лани извезла автомобили во вредност од 158 милијарди евра

25

Во 2022 година ЕУ извезла автомобили во вредност од 158 милијарди евра, што е највисоко во историјата, објави Евростат.

Минатата година беше соборен претходниот рекорд од 2015 година, кога ЕУ извезуваше автомобили со вкупна вредност од 150 милијарди евра.

Во 2022 година во ЕУ се увезени автомобили во вредност од 62 милијарди евра, што значи дека трговскиот суфицит изнесува 96 милијарди евра.
ЕУ лани извезла најмногу автомобили во САД, 23,0 отсто од вкупната вредност на извозот.
Втора на листата е Велика Британија со удел во извозот од 17,0 отсто, потоа Кина – 15,0 отсто, Јужна Кореја и Швајцарија – по 5,0 отсто, Јапонија и Турција – по 4,0 отсто.

Во 2022 година ЕУ увезла најмногу автомобили од Кина и Велика Британија – по 15,0 отсто од вкупната вредност на увозот, потоа САД – 14,0 отсто, Јужна Кореја – 13,0 отсто, Турција – 10,0 отсто и Мексико – 8,0 отсто.
Вредноста на трговијата со автомобили со земјите надвор од ЕУ пораснала во просек за 3,8 отсто годишно од 2002 до 2022 година, при што увозот растел во просек за 4,4 отсто, а извозот за 3,6 отсто годишно.